-->

Најмалку десет лица загинаа во судири во Кашмир

Најмалку десет лица, од кои четири полицајци, се убиени во оружените судири во Кашмир, само неколку дена пред одржувањето на вториот круг од гласањето на парламентарните избори во Индија, соопшти денеска полицијата.

На неколку места во Кашмир во денешните судири убиени се двајца полицајци, двајца екстремисти и двајца цивили.

Во областа Дода, во јужниот дел на Кашмир доцна синоќа во оружен судир се убиени двајца припадници на силите за безбедност, еден екстремист и една жена.

Индиските сили за безбедност истакнаа дека насилството во Кашмир е засилено изминатите недели и покрај високите снежни покривки во планините на границата со пакистанскиот дел на Кашмир.

Муслиманските сепаратисти во индискиот дел на Кашмир повикаа на бојкот на изборите, тврдејќи дека властите во Њу Делхи се обидуваат со изборите да го зајакнат својот легититимитет во тој регион.

Парламентарните избори во Индија се одржуваат од 16 април до 13 мај, во неколку фази.

 

Copyright © 2009 selotejp.com