-->

C3 Picasso и C5 Tourer добија награди за најдобри дизел автомобили

Потполно новиот Citroen C3 Picasso и елегантниот Citroen C5 Tourer прогласени се за „Најдобар моноволумен“ и „Најдобар караван“ во избор на What Diesel Car 2009.



Ова е веќе втора награда за Citroen C3 Picasso Spacebox, пред воопшто да тргне во продажба во Британија, во конкуренција на 46 натпреварувачи, вклучувајќи го големиот брат Citroen Grand Picasso кој е второпласиран. Уредникот на What Diesel’s, Ian Robertson изјави:„Одлично е да го возите, елегантен е и разигран со изборот на 1.6-литарски HDi мотори по пристапни цени.“

Динамичниот Citroen C5 Tourer победи 30 противници и дојде на прво место во категоријата „Најдобар караван“, посебно импресионирајќи го жирито со својата штедливост, одличната рафинираност и сјајните возачки особини. Жирито на What Diesel’s искоментира: „Citroen C5 Tourer е голем чекор од својот претходник и повторно дефинира што може да се очекува од издолжен караван“.

 

Copyright © 2009 selotejp.com