-->

Преносна еспресо машина

Ако му веруваме на производителот, ова е првата преносна еспресо машина. Twist е минијатурен "кафемат" кој работи со помош на пневматски мотор, кој овозможува константен притисок.

Оваа еспресо машина користи минијатурни кертриџи со кислород, кои би требало да се заменат на секои 8 направени филчани кафе. На апаратот не му се потребни никакви дополнителни извори на енергија. Доволно е само врела вода и кафе.

Навистина практичен уред за кафе-манијаците кои се во константно брзање, затоа што очигледно, подготвувањето на кафето со Twist се одвива далеку побрзо отколку со обичните еспресо машини. Освен тоа, апаратот е целосно пренослив и за негово користење не е потребна електрична енергија, па лесно може да го понесете со себе на пикник или на прошетка. Цената на оваа еспресо машина е 129 долари.





 

Copyright © 2009 selotejp.com