-->

Ариго Саки: Треба да учиме од англичаните

Прославениот италијански тренер во интервју за еден италинајски медиум отворено ги искажа своите симпатии за начинот на кој се игра и конкретно се следи англискиот фудбал.

"Треба да учиме од англичаните. Тие се достоинствени и имаат култура"

Поранешниот тренер на Милан и Реал Мадрид изјави дека фудбалот во Италија е опкружен со многу омраза и дека тимовите од Серија А немаат долгорочни проекти.

"Контактирав со Рафа Бенитез и Чаби Алонсо по нивната елимнинација од Челзи - беа релаксирани, бидејќи загубија достоинствено. Тоа го разбираат навивачите. Кога фудбалерите на Ливерпул озглегоа на терен пред второто полувреме навивачите им аплаудираа. Да губеше Милан со 3:0, навивачите на Милан сигурно ќе ќе ги исвиркуваа играчите."

“Тимовите кои najmnogu ми се допаѓаат се Барселона, Арсенал, конечно Манчестер Јунајтед и Челзи. Што се однесува до фудбалот, во Англија се игра според правилата, во Шпанија тоа е шоу а во Италија е социјално одразување каде што треба да се победи без разлика на манирите.”

"Во Англија се цени придонесот на фудбалерите, во Италија само победата. Ако загубите, подобро не се враќајте дома. ТОа е во вкоренето во крвта на луѓето. Ако сакаме да бидеме добри како англичаните, мораме да учиме од нив" - заврши легендарниот стратег.

 

Copyright © 2009 selotejp.com