-->

Видео: Алмунија му даде надеж на Арсенал


Шпанскиот чувар на мрежата на Топчиите е најзаслужен што Манчестер на реваншот на Емирати ќе има предност од само еден гол, што го постигна Џон О`Шеј.

Домаќинот силно тргна на Олд Трафорд, нападна од првата минута, меѓутоа победи со само 1:0. Ѓаволите се заканија уште во 2 минута. Нафрли Флечер, Руни го натскока Сања, но Алмунија успеа да ја сочува својата мрежа.

Во 16 минута и Тевез имаше идеална можност од шест метри, но повторно шпанскиот голман испадна победник, а во продолжение на акцијата го блокираше и шутот на Кристијано Роналдо.

Затоа веднаш потоа домашните заслужено поведоа. Одлево нафрли Карик, Силвестре незгодно ја закачи топката до Џон О`Шеј, а Ирецот изненадувачки немилосрдно биеше во противничката мрежа.


Арсенал дури потоа воспостави некаква рамнотежа, меѓутоа во 30 минута повторно Алмунија беше спасител. Тевез нафрли оддесно, Роналдо биеше со глава, но Шпанецот и тоа го фати.

На другата страна имаше само еден обид од далечина на Фабрегас, кој беше лесно запрен од Ван дер Сар.


По одморот Топџиите ги збијаа редовите во одбрана, а Алекс Фергусон ги внесе Гигс и Бербатов во 67 минута. Шкотскиот лисец со измените го доби тоа што го сакаше, Манчестер повторно меле и минута подоцна пречката ја спречи бомбата на Роналдо од 30 метри.


Потоа и Гигс излезе сам пред холандскиот голман го помина и погоди за 2:0, но претходно веќе беше досуден офсајд.

 

Copyright © 2009 selotejp.com