-->

Раул со хет-трик го одлучи дербито


Во Севиља, мадридски Реал направи комплетен пресврт и ги победи Андалузијците со 4:2, па пред Класикото го намали заостатокот зад Барселона на четири бода.

Јунак на кралскиот клуб беше Раул кој постигна хет трик (45, 63, 66) ддека стрелец на четвртиот гол за гостите беше Марсело во судиското надополнување.

Севиља скоро цело полувреме имаше предност со голот на Ренато, а потоа имаше неколку стопостотни шанси да го зголеми водството. Сепак, по пресвртот во вториот дел Капел во 80 минута успеа само да го намали резултатот на 3:2.

 

Copyright © 2009 selotejp.com