-->

Демаркација на вселената

Научниците конечно прецизно го одредија т.н. раб на вселената - границата помеѓу Земјината атмосфера и надворешната вселена. Со податоците од новите инструменти кои ги развија научниците од Универзитетот во Калгари, Канада, утврдено е дека вселената започнува на 118 километри над површината на нашата планета.

Во новата студија, инструментот наречен „Supra-Thermal Ion Imager“ ја утврди границата следејќи ги релативно благите ветрови во Земјината атмосфера и значително посилните струења на набиените честички во вселената, кои можат да достигнат брзина и до 1000 km/h.

„Ова е само втор пат кога се врши директно мерење на струењата на набиените честички во овој реон, и прв пат кога се вклучени сите елементи како што се висинските атмосферски ветришта“, изјави раководителот на проектот Дејвид Кнудсен.

Околу границите меѓу Земјата и вселената, исто како и околу оние на Земјата, копнените и морски граници помеѓу некои држави, постојат многу погрешни толкувања и збунувачки, противречни дефиниции. Па така, астронаутите можат да кажат дека се во вселената кога ќе ја поминат висината од 80 километри. Многумина во вселенската индустрија ја признаваат арбитрарната граница од 100 километри која ја прифаќа и Меѓународната аеронаутичка федерација (FAI), организација која ги определува аеронаутичките мерила.

САД никогаш официјално не прифатиле некакво официјално мерило за одредување на границите, бидејќи со тоа би се комплицирало прашањето за правата на прелетување на сателитите и другите тела во орбитата, објаснуваат од NASA.

Контролата на мисиите на NASA ја користи границата од 122 километри како висина на која се влегува во вселената, бидејќи на оваа висина нивните бродови се префрлаат од управување со ракетни потисници на управување на самото летало.

Некои пак тврдат дека ознаката „сега влегувате во вселената“ би требало да се постави на далечина од дури 21 милион километри, бидејќи ова е границата на која Земјината гравитација ја губи својата доминација.

 

Copyright © 2009 selotejp.com