-->

Најчестите комплекси кои ги мачат девојките

Најверојатно, не може да пројде ниту еден ден, а жените да не им се пожалат на своите другарки на вишокот килограми, големиот задник, нескротливата коса или некој друг недостаток на своето тело кој го пронаоѓаат со неверојатна леснотија и потоа го преувеличуваат до невидени размери.

Предебела сум - Хе, колку пати ова сите сме го слушнале. Станува збор за еден од најпопуларните комплекси кои ги мачат претставничките на женскиот пол од сите возрасти. Не е ни воопшто чудно, затоа што секојдневно сме изложени на медиумско бомбардирање со фотошопирани актерки и слаби манекенки, па како последица на ова и оние девојки кои изгледаат сосема нормално, почнуваат да се грижат сметајќи дека се дебели. Најважно е да се сфати дека моделите во списанијата или актерките со совршени пропорции немаат врска со светот на "обичните" луѓе. Манекенките се генетски предодредени за таа работа, односно се високи и слаби по природа, а во описот на работата им стои дека мораат да изгледаат совршено. Истото важи и за актерките чија единствена задача е да изгледаат добро, а и како нема да изгледаат покрај толку советници за исхрана, стилисти, инструктори по фитнес, јога и слично. Затоа, обидете се да го извлечете најдоброто од она што ви го дала природата и главата горе.

Имам огромен задник
- Најверојатно, не постои ниту една девојка која никогаш не ја загрижил изгледот на нејзиниот задник. Доколку си дисциплинирана, обиди се со вежби за затегнување на задникот и нормално - исфрли ги слатките и брзата храна, а резултатите сигурно нема да изостанат. Или, угледај се на некои славни ѕвезди кои кои воопшто не се срамат од своите облини, како на пример Џенифер Лопез и Бијонсе.

Акни - Со овие несакани "украси" секојдневно војуваат многу тинејџерки (но и оние кои се многу повозрасни), а иако се сосема нормална појава во тинејџерскиот период, и тоа како се извор на фрустрации на многу девојки. Иако се нудат многу препарати против акни, се чини дека оваа битка нема крај. Иако погледот во огледело те фрла во очај, настојувај што помалку да "копаш" по лицето.

Не сум доволно кул - "Досадна сум, не сум интересна и не сум воопшто кул". Ниското ниво на самодоверба е голем проблем кој ги мачи многу тинејџерки, а против него треба да се борите со сите средства. Нападите на чувство на помала вредност се минлива фаза во пубертетот, иако некои од луѓето работат на својата самодоверба цел живот. Сите таканаречени "фаци" на кои им се восхитуваш не се битно поинакви од тебе. Веројатно, многу од тие луѓе имаат слични комплекси. Секој е уникатен и кул на свој начин, па затоа прифати се каква што си. Мисли го најдоброто за себе.

Имам мали/големи гради - Ретко која тинејџерка е задоволна со големината на своите гради. Оние кои имаат мали, се загрижени дека не се доволно женствени и дека не им се интересни на момчињата, а оние кои сепак природата ги надарила богато по ова прашање мака мачат со наоѓање соодветен градник или облека. Иако ти се чини дека девојките со големи гради привлекуваат многу повеќе внимание кај спротивниот пол, добро размисли дали воопшто би сакала таков вид на популарност, бидејќи сите тежнееме да му се допаднеме на некого како личност, а не поради телесните атрибути.

 

Copyright © 2009 selotejp.com