-->

Музика во вода со Iriver и Speedo

На почетокот на пролетта, производителите на потрошувачката електроника започнуваат да не бомбардираат со различни повеќе или помалку водоотпорни гаџети. Сезоната ја отворија Iriver и Speedo кои претставија уште еден МР3 плеер, кој може да се користи и под вода.

Уредот се вика Speedo LZR Racer и е замислен за носење во комбинација со очила за пливање, а ќе издржи длабочина од еден метар. Значи, заборавете на нуркање. Внатре во него се наоѓа батерија која ќе ви овозможи осум часови непрекината работа (ако можете толку да пливате одеднаш, секоја чест) како и два гигабајти интерна меморија.

Од форматите плеерот ги поддржува MP3 и WMA, а уредот е компатибилен со оперативните системи Windows 2000, XP и Vista. Премиерата ќе ја има на јапонскиот пазар каде би требало да се појави до крајот на месецов по цена од околу 130 долари.

 

Copyright © 2009 selotejp.com