-->

Компјутерска изведба на Queen

Тоа е тоа! По оваа обработка, ниту една друга не е достојнa да се нарече обработка. Бидејќи да се отсвири целата, користејќи само звуци од компјутери, принтери и останати компјутерски компоненти е најдоброто нешто што некогаш сме го преслушале.

Шизикот кој се крие зад прекарот Џејмс е од Торонто создаде фасцинантна обработка на можеби најголемиот хит на групата Queen Bohemian Rhapsody користејќи исклучиво звуци од стари компјутери, скенери, флопи дискови...со еден збор - брилијантно.

Тоа што ќе го чуете се само исконски звуци. Не е користено никакво семплирање. И како што вели самиот автор, понекогаш ќе чуете и некој тон кој излегува од тоналитетот, но ќе мора да му простите, бидејчи не е возможно да се наштима принтер или скенер :) Користел Atari 800XL како клавир, Texas Instruments TI-99/4a како гитара, 8" хард диск како бас, 3.5" хард како гонг...

Рокнете ги звучниците и запејте си: „Mamaaaaaaaaa, oooh, I don't wanna dieeeeeeeeeeee…“

 

Copyright © 2009 selotejp.com