-->

10 интересни факти за љубовта

Љубовта е прекрасна работа, но воедно е една необична појава. Поради неа сме во состојба да го изгубиме разумот, да гледаме розово на светот, да ги занемариме своите пријатели, а некои дури и да започнат војни. Приложуваме 10 необични факти кои се врзани токму за оваа појава.



1. Мажите кои ги бакнуваат своите партнерки наутро живеат до пет години подолго од оние кои не го прават тоа. Полесен и поевтин начин за продолжување на животот од овој не постои.

2. Жените од племето Tiwi од Јужен Пацифик се венчани од раѓање.

3. 11% од жените го истражувале потенцијалниот партнер на интернет, додека мажите не се склони кон оваа активност. Дури 7% го провериле својот date на интернет.

4. 65% од луѓето при бакнување ја вртат главата на десно. Спаѓате ли во мнозинството?

5. Карактерот на партнерите после одредено време стануваат се полични и послични.

6. Луѓето кои се од скоро заљубени произведуваат повеќе од хормонот серотин – ниво кое е еднакво на она кое го имаат луѓето со опсесивно компулсивно пореметување. Сега е јасно од каде потекнува она ’излуден од љубов.’

7. Дури 78% од жените би одбиле интимен контакт со маж ако пред тоа не ги издепилирале нозете или пазувите. Девојки пред излегување задолжително издепилирајте се, за да не се каете подоцна.

8. 43% од жените не сакаат на својата честитка да го прочитаат зборот љубов, ако партнерот реално не е спремен трајно да се врзе.

9. Според математичките теории треба да се воспостават врски со повеќе луѓе, пред да се одлучиме за трајна врска. По нивните пресметки така имаме поголема можност да пронајдеме совршен партнер и да оствариме совршена љубовна врска. Колкав процент на математичари се во успешни врски не успеавме да дознаеме.

10. Феминистките имаат поголема веројатност од останатите жени да пронајдат романтична љубовна врска. Очигледно има нешто во борбата за женските права. А после некој ќе каже дека мажите се плашат од такви жени.

 

Copyright © 2009 selotejp.com