-->

Пожарот во САД принудил на евакуација 12.000 жители

САД, 8 мај, (Нетпрес) - Шумскиот пожар што ја зафатил Санта Барбара во јужниот дел на американската држава Калифорнија, вчера се проширил на 1.100 хектари во ридестиот дел на градот.



Во огнената стихија биле уништени 75 куќи и повеќе од 12.000 жители се евакуирани.

Како што пишува дневниот весник “Лос Анџелес Тајмс“, во реонот околу Санта Барбара биле опожарени 1.100 хектари шума, а засега само десет отсто од пожарите биле ставени под контрола.

Потпомогнат од ветерот, огнот загрозил повеќе од три илјади куќи. Против големиот огин се борат околу 1.400 пожарникари, потпомогнати од хеликоптери и авиони.



 

Copyright © 2009 selotejp.com