-->

Буфон исфрустриран: "Играта ни е за никаде!"

Победите престанаа да бидат дел од секојдневието на Раниери. Во последните шест кола "зебрите" освоија само два бода. Четири пати реми и два порази е билансот на (не)успехот на тимот на Јувентус.


Последно, во првенствените натпревари Јувентус играше против сезонава слабиот Лече, кој и не изгледаше така слаб против "Старата дама" бидејќи ги поделија бодовите играјќи нерешено 2:2 по примениот погодок во третата минута од судиското надополнение.

Веќе на полувремето беше бурно во соблекувалната на Јувентус, каде кратка бура предизвика голманот Џанлуиџи Буфон. Лече по првите 45 минути водеше со 1:1 по погодокт на Конан во 11-та минута, по што низата лоши резултати на својот тим го натера исфрустрираниот голман да заклучи:

"Играта ни е за никаде... Срамота е што прикажуваме толку катастрофален фудбал. Го сфаќате тоа, или не?" - ги праша Буфон своите соиграчи, по што ја напушти соблекувалната и продолжението на натпреварот го дочека на и околу теренот лутејќи се.

"Буфон имаше право да се лути. Сите треба да бидеме лути бидејќи неожеме вака да ја отфрлиме сезоната. Мора да го пронајдеме проблемот во играта и да го решиме истиот" - објасни Винченцо Јакинга и додаде:

"И навивачите имаат право да не свиркаат, но со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме моментално и не можат да очекуваат да дадеме се од себе".

 

Copyright © 2009 selotejp.com