-->

Одмазда преку песна

Ријана сака да излезе како победник по скандалот во кој се најде, па како одговор на бруталниот ќотег кој го доби од нејзиниот дечко Крис Браун, сними одмаздничка песна.

Потенцијалниот хит благодарение на другарчето на Ријана Канје Вест веќе може да се најде на интернет. Песната е насловена како "Silly Boy" (глупо момче) и на неа гостува се повеќе популарната Лејди Гага. Стиховите во песната говорат за девојка која одбива да се смири со дечкото бидејќи не ја ценел доволно кога биле заедно.

Инаку, секогаш заштитнички настроениот кон Ријана Канје Вест веројатно дозволил песната да протече на интернет откако минатиот викенд во јавноста се појавија разголени слики од Ријана.

Крис се најде прв на листата осомничени кои би можеле да бидат извор на спорните фотографии, бидејќи него највеќе би му одговарало уништувањето на имиџот на добра девојка која стана жртва на нејзиниот насилен дечко, кој го има Ријана.

 

Copyright © 2009 selotejp.com