Се ближи летото, а тоа е времето кога отприлика се очекува од Apple (иако тоа не е никаде официјално најавено) да го претстави новиот iPhone. Па така, се појавуваат се повеќе шпекулации, а оваа последнава ни звучи прилично уверливо.
Според screenshot-от од главното мени кој се појави на еден кинески форум (ви спомнавме дека ова е непроверена информација? Ви спомнавме. Добро.) новиот iPhone ќе има процесор со работен такт од 600 МHz (моментално има со 400 MHz) 32GB меморија, 256МВ работна меморија (двојно повеќе од сега) и камера со автоматски фокус со резолуција од 3.2 мегапиксели.
Се спомнуваат и дигитален компас и ФМ радио, а сето тоа во куќиште со исти димензии и со сосема ист изглед како првите два модели. Звучи уверливо, но со сигурност вакви шпекулации ќе има уште, а исто така сме сигурни декa Apple, како и секогаш, крие некое изненадување за новиот iPhone.