-->

Учителка робот

Во досега најрадикалната примена на роботската технологија, на учениците во Јапонија им предава учителка андроид. Доколку е потребно, роботката Саја ги покажува чувствата со помош на 18 мотори кои ги крие нејзиното лице од латекс.

Саја е резултат на 15 годишниот развој и истражувања на професорот Хироши Кобајаши и неговиот тим од Универзитетот во Токио. Моментално ја тестираат како учителка, но ова не и е прва работа. Веќе работеше како рецепционерка.

Таа (или тоа) говори неколку јазици и поседува добри организациски способности. Саја е само еден пример на јапонскиот план за роботи во секој дом до 2015 година, во што владата вложи 35 милиони долари.

Роботот е развиен за компаниите кои сакаат да ги намалат трошоците со замена на човечкиот персонал со андроиди кои поседуваат лепеза на изрази на лицето.

Револуционерната технологија наоѓа се поголема примена поради растечкиот удел на старото население. За седум години, секој четврт Јапонец ќе биде постар од 65 години што битно го намалува бројот на работната сила.

 

Copyright © 2009 selotejp.com