Бразилскиот фудбалски клуб Фламенго соопшти дека е остварена соработка со Адријано, контроверзниот напаѓач кој на крајот на минатиот месец го раскина својот договор со милански Интер.
"Ако некогаш се вратам на зелениот тепих, тоа ќе биде само во Фламенго" - беа зборовите на Адријано во интервјуто за еден бразилски портал по завршената "епизода" во Интер. Тој тогаш говореше дека му е потребен одмор од фудбалот, а неговото враќање го доведуваше под знак прашалник.
Но, сепак, паузата за бразилскиот напаѓач кратко траеше. Адријани се одлучи да му се приклули на Фламенго, клубот во кој во 2000-та година и ја започна кариерата.
Се очекува Фламенго во четврток и официјално да го претстави своето ново засилување.