
Оваа вест ја испрати Ливерпул преку својата службена веб страница. Хипија ги минал лекарските прегледи, а на својот нов клуб Баер ќе му се придружи на подготовките за новата сезона.
Хипија во Ливерпул стигна 1999 година од холандскиот клуб Вилем Втори за два и пол милиони фунти. Во текот на 10 години минати на "Енфилд" остави неизбришлива трага, па долго време беше незаменлив на својата позиција, а ја носеше и капитенската лента, пред истата да му биде предадена на Стивен Жерард.
Но, по пристигнувањето прво на Данецот Даниел Агер, а потоа и на Словакот Мартин Шкртел, Хипија почна да ја губи стандардната позиција во тимот. Хипија сеуште сака да игра на високо ниво, па го прифати двегодишниот договор од Баер.