-->

The Hangover: Фил Колинс во изведба на Мајк Тајсон

Што се' може да се случи на една ергенска забава? Одговорот лежи во новата комедија наречена The Hangover, во која дури и Мајк Тајсон се фати за микрофон и со сета своја страст ги отпеа познатите стихови од Фил Колинс.

The Hangover (Мамурлак) го доловува незаборавните доживувања на четворица пријатели, два дена пред судбоносниот ден на еден од нив.

Даг (Џастин Барт) заминува со своите тројца пријатели во Лас Вегас со цел да поминат една незаборавна ноќ заедно.

По бурно поминатата ноќ, момците се будат во потполно уништена хотелска соба и воопшто не можат да се сетат што им се случило. Во целата таа гужва, тие сфаќаат дека им недостасува главниот јунак на вечерта - младоженецот.

Целта е следна: да се пронајде и да се врати до венчавката.

Филмот во кој и Мајк Тајсон покажува дека сеуште знае да млати, но и да пее и глуми, се очекува да се појави во кино-салите на 5-ти јуни.

 

Copyright © 2009 selotejp.com