-->

Со литиум во водата за пиење против самоубиствата

Додавањето на многу мали количини литиум во водата за пиење може да придонесе за намалување на бројот на самоубиства, покажа последното истражување.

Научниците од Оита универзитетот во Јапонија го мереле нивото на литиум во водата за пиење во 18 општини во јужна Јапонија. Нивото на литиум се движел од 0.7 до 59 микрограми на литар. Земајќи ја предвид стапката на самоубиства во секоја од 18-те општини, научниците заклучиле дека зголеменото ниво на литиум во водата за пиење придонел за помала стапка на самоубиства.

-Нашето истражување покажа дека со додавање на многу мали количини на литиум во водата за пиење се намалува ризикот за самоубиство. Литиумот има анти-самоубиствен ефект, се вели во студијата, објавена во британскиот стручен магазин „Journal of Psychiatry“. ,

Литиумот е природен метал кој во одредени количини се среќава во храната и водата. Во медицината, големи дози од литиум се користат за лечење на биполарно пореметување.

Сепак потребни се дополнителни и подетални испитувања пред литиумот да се додаде во водата за пиење, слично како што во одредени земји се додава флуор во водата за пиење за да се поправи денталното здравје.

 

Copyright © 2009 selotejp.com