-->

Кои се најубавите луѓе на светот

Најновата насловна страна на магазинот People, која е посветена на годишниот избор на 100 најубави луѓе на светот, ја краси актерката Кристина Апелгејт.



На плавокосата актерка минатата година, на 36 годишна возраст, и беше дијагностициран рак на дојката, поради што таа се одлучила да направи двојна мастектомија после што е тестирана позитивно на генот за рак на дојката. “Кристина имаше тешка и неверојатна година, но сега е супер. Таа е навистина оптимистична и го живее животот со полн здив. Таа има нова куќа на Malibu Beach и момче кое навистина го сака.“ – рекла една од уредничките на People.

Повеќе од половина славни личности кои оваа година се најдоа меѓу стоте најубави, се за прв пат на оваа листа, а меѓу нив се и ѕвездите од “Slumdog Millionaire“, актерите Дев Пател и Фрида Пинто. Покрај нив меѓу најубавите влегоа и бројни тин ѕвезди, како Зек Ефрон, Роберт Патинсон, браќата Џонс, Тејлор Свифт.

Но на листата се наоѓа и преубавата актерка Хали Бери, која по 13 пат се појавува меѓу најубавите 100. Во категоријата ’без шминка’ се појавува и Синди Крафорд, а меѓу бројните убавици се најде и правата дама на Америка, Мишел Обама.

Хали Бери



Анџелина Џоли



Ченинг Татум



Кристина Апелгејт



Синди Крафорд



Ева Мендез



Фрида Пинто



Роберт Патинсон



Зек Ефрон



Тејлор Свифт



Кристина Агилера



Ciara



Дев Пател



Мишел Обама



 

Copyright © 2009 selotejp.com