-->

Полуголи девојки да презентираат дресови


Дарио Цвитаниќ, 24-годишниот аргентински фудбалер со хрватски корени, го привлече вниманието на холандските медиуми со неговата презентација. Видео!

Неоадамна Цвитаниќ, заедно со уште неколку негови соиграчи, ги промовираше новите дресови на Ајакс за следната сезона, но по галата им објасни на новинарите дека тоа не е вистинска реклама за клубот. Рече дека неговите искуства од Аргентина биле попровокативни и медиумски поуспешни.

„Фудбалскиот клуб Ланус почна со ова, а после тоа го прифатија сите. На презентација на нови дресови во Аргентина се појавуваат млади полуголи фото моделки, односно на горниот дел им се црта новиот дрес на тимот“, рече Цвитаниќ.

„Ваквите презентации ги прифатија и Бока Јуниорс и Ривер Плата, па на нивните презентации учествуваат само аргентинските топ модели.“

„Тоа е добро за сите, бидејќи има медиумски интерес и оди во живо. На манекенките тоа им одговара, а тимовите добиваат на популарност“.

Интересна случка во Аргентина беше кога Ривер Плата за модели ги повика Зинедин Зидан и Енцо Франческоли, меѓутоа публиката не ги сакаше францускиот и уругвајскиот фудбалер па ги побараа девојките.

„Во Холандија праксата би можела да биде иста. Не знам многу девојки од тука, но колку што видов на ТВ сите се убави како барбики. Руси коси и сини очи - рече потенцијалниот хрватски репрезентативец и додаде:

„Можеби тука традицијата е поинаква, но мора да признаете дека нема ништо поубаво од спојот на фудбалот со убави девојки“ со смеење заврши Цвитаниќ.

Видео:


 

Copyright © 2009 selotejp.com