-->

Видео: Хајди се соблече во шоуто на Елен Деџенерис

Во популарното американско шоу на Елен Деџенерис, трудната манекенка Хајди Клум, на изненадување на многумина, почна да го соблекува фустанот, кој го подари во добротворни цели.



Германската убавица Хајди Клум со гостувањето во популарното шоу на Елен Деџенерис дефинитивно ги усреќи многуте обожаватели ширум светот.

Во моментот кога се согласи фустанот кој го носеше на себе да го донира во добротворни цели, на инсистирање на Елен, почна да го соблекува пред камерите.

Елен прво се обиде да ја сокрие трудната манекенка, но кога сфати дека импровизираното соблекување може да предизвика проблеми, изнесе параван, а од режијата пуштија музика за стриптиз.

Кога заврши со стриптизот Хајди се појави во бела куќна наметка, а нејзиниот фустан сега се наоѓа на продажба на eBay.

Погледнете:


А еве и две постари секси видеа од славната манекенка:



 

Copyright © 2009 selotejp.com