-->

Лондон највалкан и најскап град


Лондон е најскапиот и највалкан град во Европа, а има и најлоша кујна, покажаа резултатите од анкетата што ја направи компанијата Трип Адвајзер, спроведена на 2.376 туристи.

Туристите исто така оценија дека главниот град на Велика Британија има најлошо облечени жители. Лондон има и најмногу ’замки’ за туристите, но и најдобри бесплатни атракции, најубави паркови и најдобар ноќен живет. Всушност, околу 50 отсто од анкетираните рекле дека Лондон има најубави паркови, а по него следи Париз со само седум посто.

Ова е веќе втора година по ред Лондон да е избран за највалкан град во Европа. Најчист е Копенхаген, најевтина е Прага, најдосаден Брисел , а најпријателски е Даблин. Париз има најдобра кујна и најдобро облечени жители.

Анкетата покажа дека Венеција е најромантичен град, додека Варшава има најгрозна архитектура.Краков е најпотценет, а по него следи Единбург.

 

Copyright © 2009 selotejp.com