Освен ова, истражувањето покажало дека жените иако имаат повеќе од доволно градници кои би можеле да ги менуваат секој ден во неделата, тие преферираат да носат еден, а тој после секојдневно носење завршува за перење дури после 2 месеца.
Да биде уште поголема иронијата, повеќето испитани жени 55% , се изјасниле дека најмногу носат бели градници, што најверојатно би требало да укаже не тоа дека им е важна чистината и свежиот изглед. Беспрекорната белина е многу тешко да се одржи благодарејќи на парфемите, лосионите за тело, кремите за самопотемнување и слични препарати кои жените секојдневно ги користат, па затоа е шокантен податокот дека нивните градници завршуваат на перење дури после 8 недели откако ги облекле.
Треба ли воопшто да се нагласува дека градникот би требало да се испере после две до три носења, порачале од ’Др. Бекам’.