-->

Врвна снимка од НЛО над Москва

Видеото за две недели привлече 150.000 љубопитни и предизвика расправа дали навистина ги прикажува гостите од вселената. Сешто може да се прочита, па дури и дека ЦИА запослила агенти се да одрекнуваат.

За снимката која ќе ја видите не се знае многу, освен дека е снимена на почетокот на април. Доколку е во прашање измама, во тој случај мораме да прокоментираме дека авторот добро се потрудил НЛО-то да изгледа реално, бидејќи веродостојно се изработени големината и обликот на бродот.

Тука е и неверојатниот маневар на леталото (одеднадеж го снемува на лево во 22-рата секунда од видеото) и со тоа во целост е задоволена формата.

Нормално, оставаме простор и за можноста дека не е во прашање измама и дека видеото навистина покажува гости од друга планета како си летаат по небото над Москва.

Меѓу другото, да потсетиме дека поранешниот претседател на СССР Михаил Горбачов пред дваесетина години изјави дека "феноменот НЛО и тоа како е реален и дека треба да му се пристапи сериозно", со што ја заскокотка фантазијата на сите кои веруваат дека не сме сами и дека владите го знаат тоа.

 

Copyright © 2009 selotejp.com