Маникирот се поврзува со ракот на кожа
Жените кои ги посетуваат салоните за маникир си го зголемуваат ризикот за рак на кожа. Ваквите тврдења на научниците доаѓаат по откривањето на два случаи во кои жените добиле рак на кожа на дланките од ултравиолетови зраци кои се користат за зацврстување на вештачките нокти.
Ламбите, кои чинат околу 30 фунти, се застапени во сите салони за убавина, а поради ниската цена се почесто се наоѓаат во домовите на многу жени.
Експертите стравуваат дека големи дози на УВА зраци, најопасната форма на ултравиолетови зраци, може да предизвика оштетување на ќелиите на кожата.
Дерматолозите од универзитетот во Тексас апелираат да се спроведат нови испитувања за да се утврди безбедноста на УВ ламбите за нокти. Докторите препорачуваат корисниците на вакви третмани да побараат лекарска помош со цел да проверат дали на нивните прсти и дланките има некакви знаци за појава на рак.
Медицинските лица се загрижени дека лошо обучените маникири може да го загрозат животот на муштериите, користејќи евтини и потенцијално опасни хемикалии, како на пример methyl methacrylate, кој веќе е забранет во САД, Австралија и Нов Зеланд, но не и во повеќето европски земји.
Оваа хемикалија се поврзува со појавата на респираторни проблеми, како и со некои посериозни алергиски реакции.
Во последното издание на стручниот магазини „Archives of Dermatology“, откриени се двата случаи на карцином, последица на УВ зраците од ламбите за нокти.
Четириесет и осумгодишна жена, со одлична здравствена состојба, имала неколку операции за отстранување на неколку тумори на нејзината десна рака, откако за една година направила осум маникир третмани, при кои се користени УВ-ламбите за нокти.
Другата жена, стара 55-години, добила рак на десната рака откако 15 години, двапати месечно користела УВ ламба за нокти.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)