-->

Патувај во Македонија, нов Македонски портал за туризам

Тravel to Macedonia: Traveling & Tourism Portal е нов портал наменет за туристи кои сакаат да ја посетат Македонија. Порталот одлично го прикажува туристичкиот потенцијал на Македонија.

Веб страницата е поделена на повеќе секции меѓу кои: Зошто би ја посетиле Македонија, Туризмот во Македонија, Општи податоци за Македонија, Како да се дојде во Македонија, но располага и со корисни совети за време на престојот на еден странски турист во Македонија.

Покрај тоа, Travel2Macedonia ви нуди неколку различни услуги, како:

• брз курс за македонски јазик
• закони за странци
• интерактивна Google мапа
• калкулатор на странски валути
• калкулатор на оддалеченост на градови
... кои лесно се наоѓаат на овој портал.

Getting Around менито (кое содржи 37 дестинации) на Travel2Macedonia (Тravel to Macedonia), во споредба со други македонски веб страници кои нудат слични услуги, нуди јасни и разновидни информации: детални информации за избраната дестинација, знаменитости и настани, интересни места за посета и сл., што го промовира овој сајт како добар сервис.

Главното на кое што овој портал цели се: сместувања, ресторани, туристички водичи, кои на Travel2Macedonia добиваат свој профил со слики и разновидни информации, можност за контактирање преку интерфејсот, а во блиска иднина и резервации.

Генерално кажано, одлично дизајниран и прегледен портал, содржински пребогат, и воедно одличен сервис. Придобивките од Travel to Macedonia се очигледни за сите.

TRAVEL2MACEDONIA.COM.MK

 

Copyright © 2009 selotejp.com