Милан и Јувентус одиграа само 1-1 во последниот натпревар на 35-тото коло во италијанската Серија А. Милан пропушти шанса да му се приближи на Интер на само пет бода, односно - да ја направи завршицата на првенството далеку поинтересна.
Интер по ова коло ја задржа предноста од седум бодови во однос на второпласираниот Милан. Иако Интер ремизираше во Верона против Киево, одигрувајки 2:2, сепак ниту Милан не успеа да забележи победа.
"Росонерите" во дербито против Јувентус имаа иницијатива и 62% посед на топката, но и едните и другите имаа малку вистински шанси за гол. Интересно е тоа што фудбалерите на Јувентус имаа шест удари по голот на Калач во текот на целиот натпревар и сите шест завршија во рамките на голот. Домашните пак, према голот на Буфон шутираа девет пати, од што само три завршија во рамките на голот.
Милан поведе во 57. минута со погодок на Сидорф, но само три минути подоцна гостите изедначија. По нафрлувањето на Каморанези, Јакинта "полета" и со удар со глава го матираше Калач.
Интер на гостувањето кај Киево во два наврати имаше водство, но домашните фудбалери собраа сили за да извлечат реми. Екипата на Мурињо дојде во предност веке во третата минута преку помалку заборавениот Креспо, а домашните израмнија во 27-та минута преку Маркини. Во 64. минута Балотели повторно му носи предност на интер, додека голот за конечни 2:2 беше дело на Лучиано 18минути пред крајот на натпреварот.
Рома на гостувањето кај Каљари по 58. минута имаше резултатски дефицит од два гола, но потоа за само десет минути "волчицата" дојде до израмнување. Стрелци за домашните беа Матри во 34. и Аквагреска во 58. минута, додека за Рома головите ги постигнаа Тоти во 63. и Петора во 69. минута.
До значајни бодови во борбата за Лигата на шампионите дојде и Фиорентина на гостувањето кај Катанија (2:0). Стрелци за „виолетовите“ беа црногорецот Јоветиќ во 11. и Заури во 90-тата минута.
Значајни бодови загуби Џенова на гостувањето кај Аталанта. Сепак, можеше да биде и полошо, но по голот на Валдес уште во 9-тата минута, бод за Џенова и одржување на какви-такви шансите за обезбедување за квалификации во Лигата на шампионите донесе Доменико Крисито во судиското надополнување.