-->

Невреме за попладнево и за претстојниот викенд

Попладнево денеска и за време на викендот се очекува развој на нестабилна облачност со поројни врнежи, грмежи и засилен до силен ветер, а наместа и невреме со појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во вчерашното попладневно невреме најмногу врнежи се измерени во Штип, каде што за кратко време навранале 31 литар на метар квадратен.

Од 15 до 21 и 30 часот вчера на одделни места имало и краткотраен град. Радараскиот противградобиен центар Ѓуриште на подрачјето на општина Велес дејствувал со шест противградобијни ракети, а Радараскиот противградобиен центар Пожар со 14 противградобијни ракети во општината Росоман.

Во општина Кавадарци имало појава на пороен дожд, силен ветер и град во небрането планинско подрачје и краткотраен ситен град без штети.

 

Copyright © 2009 selotejp.com