-->

Челзи се ослободува од Дрогба?


Договорот на Дрогба по кој неделно заработува 91.000 фунти важи до следното лето, но Челзи по инцидентот на мечот со Барселона одлучи да го продаде доколку добие добра понуда.

Челзи, како што пишува The Sun, одлучи да не му го продолжи договорот на 31-годишниот напаѓач, откако судењето на мечот со Барселона го нарече „ебено срамно“ и тоа пред милионскиот ТВ аудиториум.

Иако бесната реакција на Дрогба може да се оправда со оглед на судењето на Том Хенинг, во клубот наводно немаат повеќе трпение за неговите испади.

Челзи размислуваше да го продаде темпераментниот напаѓач уште минатата година во финалето на ЛШ против Манчестер кога наводно му удри шлаканица на Видиќ и заработи исклучување во 116 минута од мечот.

Иако Дрогба вчера се извини за недоличното однесување се очекува реакција на УЕФА дали ќе бидат казнети репрезентативецот на Брегот на слоновата коска и Михаел Балак, кои најжестоко реагираа против Овребо.

 

Copyright © 2009 selotejp.com