-->

На повидок социјална криза во Европа?

Претседателот на Европгрупата и премиер на Луксембург Жан-Клод Јункер предупреди дека постои опасност во Европа да настапи социјална криза поради очекуваното зголемување на невработеноста.

- Одиме кон социјална криза, бидејќи ќе има криза со вработувањето и работните места, рече Јункер по средбата со министрите за финансии на земјите од еврозоната, која се одржа во Брисел.

Јункер повика сите напори да бидат насочени кон социјалното и економско совладување на оваа ситуација. Тој ги повика директорите на европските претпријатија да ги избегнуваат масовните и избрзани отпуштања, давајќи на тој начин пример за социјална одговорност.

Европската комисија вчера ги направи овогодинешните економски прогнози за земјите од ЕУ и соопшти дека очекува во 2009 и 2010 година во ЕУ да бидат скратени 8,5 милиони работни места. ЕК прогнозира дека невработеноста ќе достигне 9,9 проценти во Еврозоната оваа година и 11,5 отсто во 2010 година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com