-->

Џебна видеокамера од Genius

Компанијата Genius ја претстави џебната видеокамерата со име G-Shot HD520, тешка 170 грама. Новата камара на Genius снима видео материјали во резолуција од 720p, а истовремено слика фотографии со 11 мегапиксели.

G-Shot HD520 доаѓа 2,4-инчен екран, 5x оптички зум, вградена меморија од 32 MB. Ако се земе предвид во која категорија на камери припаѓа, (категоријата се определува во зависност од цената), G-Shot HD520 поседува и некои напредни опции како што е препознавање лице во кадар, стабилизација на слика и ротирање на екранот за 270 степени. За поврзување со HDTV се користи HDMI приклучокот.

Камерата е компатибилна со Mac OS X и Windows 2000, XP i Vista, а цената на камерата на американскиот пазар изнесува 150 долари.

 

Copyright © 2009 selotejp.com