-->

Бенедикт на Фејсбук

Откако претходно Ватикан отвори свој канал на Јутуб во обидот да се популаризира помеѓу младите верници, сега на папата Бенедикт XVI ќе му регне и профил на Фејсбук.

Папата пројавува голем интерес за овие работи, откри претседателот на Папскиот совет за социјални комуникации архиепископот Клаудио Чели во едно телевизиско интервју. Тој потсети дека претходно годинава 82-годишниот поглавар на Римокатоличката црква го поддржа создавањето на страница на Ватикан на ЈуТуб.

- Папата не поттикна да развиваме една култура на дијалог, почитување и пријателство, посебно меѓу младите луѓе, додаде Чели. „Сметаме дека овој папски совет треба исто така да ги користи новите технологии за да го поддржува создавањето на нови пријателства низ светот“.

Новиот прилог, наречен „Папата се запознава со тебе на „Фејсбук“ на корисниците им дозволува да си разменат виртуелни поздравни картички со светиот отец, кон кои можат да се ставаат цитати од негови говори и посланија.

 

Copyright © 2009 selotejp.com