-->

Pentax K-7

Јапонската корпорација Pentax со гордост го претстави својот нов DSLR фотоапарат со променливи објективи Pentax K-7. Иако може да се пофали со компактно и лесно тело, овој модел ги спојува напредните функции и едноставното управување.

pentax-k7 by you.

Заштитен со издржливо и висококвалитетно метално тело, ергономскиот дизајн на Pentax К-7 e исклучително компактен и функционален, а заштитата од атмосферски влијанија, прашина и температури до -10 степени целзиусови се голема дополнителна предност за корисниците. Вградени се и корисни функции како снимање на видео, HDR функции и автоматска корекција на хоризонтот.

Куќиштето е изработено од издржлива, но лесна легура на магнезиум, а костурот на куќиштето е од челична легура. Стаклената призма му дава големо видно поле со зголемување од околу 92%, а тука е и новата плоча за фокусирање Natural Bright која овозможува прецизно кадрирање и фокусирање. К-7 може да сними 40 фотографии во низа, при брзина од околу 5,2 фотографии во секунда, што на фотографот му овозможува следење на предметот во движење, а најголемата брзина изнесува 1/8.000.

Новоразвиениот CMOS сензор има димензии 23,4mm x 15,6mm и можност за брзо читање на податоци преку четири канали. ISO осетливоста може да се подеси на вредности помеѓу 100 и 6.400. Новиот PRIME II процесор овозможува поголема брзина на обработката на податоци и слика со подобар квалитет и побогата градација и уште поточна репродукција на бои.

Новиот систем за автоматски фокус SAFOX VIII+ има 11 точки со девет крстни сензорни точки.

Првите примероци на Pentax К-7 во продажба на светските пазари се очекуваат кон крајот на јуни, а очекуваната цена на К-7 со објективот DA 18-55 AL WR е околу 1.360 евра.

 

Copyright © 2009 selotejp.com