-->

Morgan Aero Super Sports ви го одзема здивот

Ограничената серија на атрактивниот ретро roadster Aero Super Sports е направена во чест на 100-годишнината од постоењето на британската компанија Morgan Motor. Погонот на roadster-от е позајмен од BMW.

Неколку дена пред официјално да го претстави својот нов модел, Morgan Motor Company ги прикажа фотографиите од роденденскиот поклон која самиот си го изработи.

Интересен е фактот што за сите овие 100 години од постоењето, сопствеништвото останало во кругот на семејството, уште од 1909 година кога Morgan го направи својот прв автомобил. Најновиот roadster со алуминиумска шасија е подеднакво брз како и неговите блиски роднини. Јубилејниот модел го движи 4,8-литарски V8 мотор на BMW, а доаѓа во комбинација со шестстепенски рачен или автоматски менувач со ист број на степени на пренос.

Податоците за силата и перформансите не се објавени, но ако се земе предвиде дека станува збор за јубилеен модел, тие сигурно ќе бидат и повеќе од задоволителни. Како и да е, Aero Super Sports ќе ве освои уште на прв поглед, особено што овие автомобили се вистинска реткост. Доволно е да се загледате во страничната силуета и веројатно ќе се вљубите во автомобилот уште во првата секунда.

Внатрешноста е верна копија на roadster-ите од тој период, а користените материјали и завршната обработка се на највисоко ниво. Aero Super Sports ќе се симне од производствената лента кон почетокот на 2010 година, а заинтересираните треба уште веднаш да уплатат 25.000 фунти депозит, кој ќе биде пресметан во конечната цена, која изнесува 127.000 фунти.

 

Copyright © 2009 selotejp.com