-->

MSI GX723

msi-gx by you.

MSI претстави уште еден преносен компјутер за гејмери од својата Turbo Drive серија, моделот GX723. Станува збор за компјутер со 17 инчен WSXGA+ екран со резолуција од 1680х1050 пиксели, Intel Core 2 Duo процесор, NVIDIA GeForce GT 130M графика, и Windows Vista Home Premium оперативен систем.

Корисниците можат да одберат до 4GB RAM, хард диск со капацитет од 320 до 500GB и шест или девет ќелиска батерија. Од останатите занимливости ќе ги оддвоиме и ECO сензорот чувствителен на допир за контрола на перформансите и заштеда на енергија, како и W/A/S/D копчињата во боја за гејмери.

Цената сеуште не е позната, но се претпоставува дека за овој лаптоп ќе треба да се издвои поголема сума.

 

Copyright © 2009 selotejp.com