-->

Nokia претстави три нови модели

new-nokia-phones-230px by you.

Nokia претстави три нови мобилни телефони наменети за пониските сегменти на пазарот.

Меѓу новите модели се истакнува 2730 Classic, кој Nokia го претстави како најевтиниот 3G модел објавен до сега.

Останатите карактеристики на телефонот вклучуваат поддршка за EDGE и Bluetooth 2.0, камера со резолуција од 2 мегапиксели, 2-инчен QVGA (320*240) екран, микро USB влез, 30MB меморија која се надградува со microSD картица и 3.5 милиметарски влез за слушалки. Препорачаната цена на уредот без субвенција од страна на операторите е само 80 евра.

Nokia исто така претстави и два нови модели на преклоп, означени како 7020 и 2720 Fold, кои ќе се продаваат по цена од 90 односно 55 евра.

Nokia 7020 се одликува со независен екстерен дисплеј кој ги испишува основните информации, камера со резолуција од 2 мегапиксели, напредни мултимедијални опции и поддршка за пристап на популарните интернет сервиси YouTube, Myspace и Facebook.

Nokia 2720 е најсиромашниот нов модел кој го претстави компанијата. Телефонот располага со вообичаените мултимедијални функции за оваа класа на уреди, куќиштето е со преклоп и има независен екстерен дисплеј.

Моделите 2730 и 2720 Fold ќе се најдат во продажба во текот на третиот квартал, додека Nokia 7020 се очекува да се појави на пазарот во тек на последниот квартал оваа година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com