-->

Origami Fun

Традиционалната јапонска вештина никогаш не била поедноставна. Погледнете како парче хартија во вашите раце се претвора во прекрасна креација. Се што сте сакале да знаете за оригамите ќе најдете на едно место.

Доколку сакате да изработувате предмети користејќи ги вашите раце, ова е местото за вас. Страницата е направена прилично прегледно, со многу совети за почетници, како и за напредни корисници.

Оригамите се поделени во неколку категории, според видот и тежината на изработка. Постои и посебна категорија за деца, што ова интересно хоби го претвора во забава за целото семејство.

Упатствата со дијаграми за секој модел се достапни во .pdf формат подготвен за печатење. За броји модели ќе најдете и демонстрационо видео.

www.origami-fun.com

 

Copyright © 2009 selotejp.com