-->

Шерон Стоун и Џесика Бил во српскиот филм ’The Weekend’

Шерон Стоун и Џесика Бил во српскиот филм ’The Weekend’. Покрај нив две, Луси Лиу, Денис Хопер и Мајкл Мадсен, веќе потпишале договор со продуцентите Владимир и Предраг Рајчиќ.



Како што пишува магазинот Ало, наводно веќе е потпишан и копродукциски договор со филмската компанија на Квентин Тарантино, според која веќе на есен на локации во Белград и планинските региони во Србија почнува снимањето на филмот “The Weekend”, а ќе дојдат сите споменати ѕвезди за со кои продуцентите нагласиле дека потпишале договор не прецизирајќи ги цените на нивните хонорари.

Владимир Рајчиќ глумел главна улога, го напишал сценариото и го продуцирал филмот “Serbian Scars“ кој својата промоција ќе ја доживее на 14 мај во Белград, во кој што глуми заедно со Мајкл Мадсен, Марко Дакаскосо и Сергеј Трифуновиќ. Акциониот трилер настанал во Американско - Српска копродукција, сниман е во Белград, Лос Анџелес, Њујорк и Чикаго и говори за љубовна приказна помеѓу Србин и Албанка и драма на двајца браќа од Србија кои ќе се вплеткаат во војна со Албанските терористи и ЦИА на просторите на САД и Косово



 

Copyright © 2009 selotejp.com