Европските научници наводно создаде робот кој може да ги предвиди човековите намери, што би требало да ја потпомогне интеракцијата меѓу човекот и роботот да биде што поприродна, објави Science Daily.- Роботот кој го создадовме веќе знае да ја извршува работната задача, но тоа на кое сега работиме е усовршување на роботот кој при извршувањето на задачата ќе знае да ги препознае намерите на својот партнер (човекот), да утврди дали човекот ги следи упатствата за изработка на задачата и да реагира доколку не се придржува до нив, изјави научникот Волфрам Ерлхаген од универзитетот „Minho“ во Португалија.

Роботот исто така е програмиран да ги воочи грешките при работата на човекот и да реагира доколку нешто не е сработено според упатствата.
Сепак, научниците велат дека нивната работа сè уште не е завршена и оти потребно е време за да се усоврши роботот.










