-->

Најавен Nokia 5530 XpressMusic

Nokia претстави уште еден full-touch телефон, моделот 5530 XpressMusic кој работи на S60 5th edition Symbian.

Моделот доаѓа со 2,9 инчен екран со резолуција од 640 x 360 пиксели, 3,2 мегапикселна камера со LED блиц, акцелерометар, стерео звучници и 3,5 мм излез за слушалки.

Сепак за разлика од претходните два модела со екран осетлив на допир, 5800 XpressMusic и N97, овој телефон нема поддршка за UMTS/HSDPA ниту GPS, така што станува збор за уред кој не цели кон врвот на пазарот, туку кон корисниците кои сакаат атрактивен музички телефон.


Иако нема поддршка за 3G, потребите за мобилен интернет би требало да ги задоволи Wi-Fi. Што се однесува до просторот за зачувување податоци, овој телефон има капацитет од 4GB, а на пазарот ќе се најде во третиот квартал на годинава.

 

Copyright © 2009 selotejp.com