-->

Philips забава во движење

Philips го претстави мобилниот DVD уред со ознака PET1046, кој доаѓа со 10,2-инчен екран со можност за вртење под 180 степени. Интересно е што уредот има вграден DVB-T tuner за следење телевизиска програма.

Високиот квалитет на приказот на екранот се должи на Zero Bright Dot технологијата која ги отстранува неправилностите на екранот. Уредот, освен од DVD медиуми, може да репродуцира содржини и од USB меморија, како и од SDHC мемориски картички. Вградената батерија која се полни дава автономија од шест часа.

Заедно со уредот, кој чини околу 300 фунти, се испорачува и далечински управувал, торба за носење и полнач за во автомобил.

 

Copyright © 2009 selotejp.com