-->

Почина Мајкл Џексон

Педесетгодишниот крал на поп музиката почина од срцев удар во својот дом во Холмби Хилс. Веста ја потврди и неговиот татко, Џо Џексон.

Пејачот наводно веќе не дишел кога докторите одговориле на повикот. Како што пренесуваат американските медиуми, Џексон на патот до болницата бил реанимиран. Не знаеле колку долго неговото срце не работело.

Пред болницата UCLA набрзо се собрале група негови обожаватели кои дошле да му дадат целосна подршка.

Член на неговата фамилија изјавил дека сите се под голем стрес и дека веднаш по лошата вест неговите браќа и родител се упатиле кон болницата.

Џексон инаку ги правел последните подготовки за неговата повратничка турнеја која требала да започне од Лондон.

Сите карти за 50 идни концерти биле продадени. Во последно време драстично ослабнал, а се зборувало дека боледува од рак на кожата. Сепак неговата причина за смртта е неговото срце.

Michael Joseph Jackson е роден во американската сојузна држава Индијана на 29-ти август 1958 година. Својата музичка кариера ја започнал уште како седум годишен пејач во групата The Jackson 5. Својот прв соло албум "Got to Be There" го снимил во 1971 година, а од бендот занимал осум години подоцна.

 

Copyright © 2009 selotejp.com