Зајакнувањето на економската соработка, инвестициите и трговската размена меѓу Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) беше главна тема на денешната средба во Скопје на министерот за економија Фатмир Бесими и министерот за надворешни работи на Обединетите арапски емирати шеикот Абдула бин Зајед Ал-Нахјан.Бесими средбите ги оцени како иницијални за почнување добра соработка и додаде дека на нив информирале за можностите на македонската економија и за активностите во областа на енергетиката и индустријата, како и за политиките и реформите за обезбедување подобра бизнис клима во Македонија.
- Се дискутираше и да се воспостават контакти меѓу институциите на двете земји за информации за постојните проекти за во наредната фаза, некаде есенва, наша делегација во која ќе има и стопанственици да ги посети ОАЕ. Посетата веројатно ќе резултира и со некои поконкретни проекти, рече министерот за економија Фатмир Бесими.










