-->

Робен, Хунтелар и Хајнце во Тотенхем?

Голема е веројатноста, триото фудбалери на Реал од следната сезона да го носат дресот на Тотенхем, откако претставници на лондонскиот клуб отпатуваа во Мадрид на преговори.

Според првичните информации, Робен во пакет со Хајнце и Клас Хунтелар би требало да се преселат во лондон за сума од 36 милиони фунти. Дури, челниците на Тотенхем најавиле и дека нема да си заминат од Шпанија без да купат фудбалер на Реал.

Ваквите информации се спротиставени на веста дека Руд Ван Нистелрој ќе биде новото засилување на Тотенхем, па затоа не е за очекување холанскиот голгетер да биде се уште во комбинација за трасфер во северен Лондон.

Во случај на реализација на овој пакет трансфер, тоа би значело враќање на Робен и Хајнце во англискиот фудбал, откако настапуваа за Челзи односно Манчестер. За Хајнце особено беше заинтересиран Ливерпул, но Фергусон по никоја цена не сакаше да го продаде фудбалерот на директниот конкурент, иако реално не сметаше дека тоа е фудбалер кој му е потребен на еден шампионски тим.

 

Copyright © 2009 selotejp.com