 Во лекарските ординации честопати доаѓаат пациенти кои се жалат дека не можат да голтаат, оти во грлото како да им стои кнедла. Овој проблем не се јавува кога лицата јадат или пијат, туку само кога ја голтаат сопствената плунка. Чувството е непријатно и обично е поврзано со кашлица, треперење и слични знаци на нервоза.
Во лекарските ординации честопати доаѓаат пациенти кои се жалат дека не можат да голтаат, оти во грлото како да им стои кнедла. Овој проблем не се јавува кога лицата јадат или пијат, туку само кога ја голтаат сопствената плунка. Чувството е непријатно и обично е поврзано со кашлица, треперење и слични знаци на нервоза.Фројд оваа состојба ја нарекол „хистерија“, сакајќи на тој начин да објасни дека проблемот е последица на „незадоволната жена“, односно нејзината незадоволна матка („hystera“ на грчки).

Првото на што помислуваат пациентите е штитната жлезда, но тоа нема никаква врска. Не станува збор за болест, туку за чувство. Од друга страна, болните со особено зголемена тироидна жлезда (струма) немаат такво чувство, дури ни оние кои навистина имаат проблеми при голтањето поради притисокот на струмата врз вратните органи. Ним им е тешко да ја голтнат храната, а да не го почувствуваат „залакот“.

Вклучете психолог

Откако пациентот ќе се увери дека во грлото нема ништо, треба да му се дадат неколку совети: да не ја голта плунката на суво, ако баш мора, прво нека го навлажни грлото или го зголеми лачењето на плунката со пеперминт, гума за џвакање или Ц витамин. Најдобро е ако успееме да го увериме пациентот дека симптомот ќе мине за неколку минути или часа.


 
														



 







