-Мајчиното млеко е најдобра исхрана, па затоа дојте го вашето дете додека е возможно, бидејќи блискиот топол допир со мајчиното тело на бебето му дава чувство на сигурност и спокој, што многу поволно делува на неговиот емоционален развој.

-Количината и бројот на оброците одредете го врз основа на возраста, телесната тежина и апетитот на вашето бебе. И не заборавајте, во првите две недели вашето бебе сигурно нема да може да го испие целиот оброк. Не настојувајте да му го дадете до крај.
-Секогаш подготвувајте свеж оброк со зовриена топла вода. Веќе приготвените оброци не смеат да се варат за да не ги изгубат хранливите состојки што ги содржат.

-Шишето секогаш држете правилно, така што цуцлата да биде полна со млеко за да не може детето да голтне воздух кој потоа му создава проблеми и го дува неговото стомаче.