-->

Славни и моќни

Четири жени и еден голфер (токму по овој редослед) е распоредот на првите 5 места на топ листата на 100 најмоќни светски ѕвезди на Форбс. Како за споредба колку се моќни, на листата го има и Обама... на 49-то место.
ADAB3A9384149B43930375B49F33D8E0 by you.

По долги години владеење, од првата позиција си замина Опра Вифри, и сега се наоѓа на второто место. На првата позиција со 27 милиони долари заработени во изминатите 12 месеци е Анџелина Џоли.

И покрај тоа што Џоли во 99% од ситуациите се споменува во комбинација со Бред Пит, тој се најде дури на 9-то место.

Утехата што Опра може да ја најде во губењето на првата позиција е што таа најмногу заработува на оваа листа. Минатата година, на нејзиното богатство се залепиле уште 275 милиони долари.

Мадона се најде на третата позиција, Бијонси е четврта а единственото машко меѓу првите пет е голферот Тајгер Вудс.

 

Copyright © 2009 selotejp.com