-->

Избрано најгрдото куче на светот

Искривена долна вилица, клемпави уши и ’изгужвано’ лице, се главните обележја на овогодинешниот победник во изборот за најгрдо куче – мелезот боксер Pabst.

Победата на Pabst е големо изненадување на традиционалниот избор за најгрдо куче на светот во Patalum во Калифорнија. На изборот учествуваше и Rascal, повеќегодишниот победник на ова натпреварување.

Pabst е мелез на боксери кој неодамна е спасен од засолништето за напушени кучиња. Неговите сопственици добиле парична награда од 1600 долари и кучешка храна.



[ 29-06-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com